Top Sport

Стадиони со најжешка атмосфера – „Маракана“ во Белград е на чевртото место

Влијателниот „Франс Фудбал“ направил листа на стадиони каде атмосферата во текот на натпреварите е „најжешка“. На листата од 30 стадиони се наоѓа и еден стадион од соседството. На виското четврто место е стадионот на Црвена звезда „рајко Митиќ“ поранешна „Маракана“.

Првото место на листата е резервирано за „Бомбоњера“ стадионот на Бока Јуниорс во Буенос Аирес, а потоа следуваат два стадиони во Европа, „Енфилд“ домот на Ливерпул и „Сигнал Идуна Парк“ стадионот на Борусија Дортмунд.

Зад стадионот на Црвена звезда се стадионите на Селтик, Бешикташ, Олимпијакос и славната бразилска „Маракана“ во Рио Де Жанеиро.

Интересно на оваа листа ги нема стадионите на Реал и Барселона. Авторите истакнуваат дека атмосферата на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид и „Ноу Камп“ во Барселона не е на нивото на квалитетот на тимовите. За стадионите на Арсенал и Манчестер Јунајтед се наведува дека имаат богаташка публика.

За Вест Хем, Тотенхем и Атлетико Мадрид авторите имаат забелешка дека се преселиле на нови стадиони.

Патриотски „Франс Фудбал“ на листата има и три домашни стадиони „Велодром“ во марсеј“, Гифрој Гишар“ во Сент Етиен и „Паркот на Принцовите“ во Париз.

Комплетната листат изгледа вака:

1. Бомбоњера, Бока Јуниорс
2. Енфилд, Ливерпул
3. Сигнал Идуна Парк, Дортмунд
4. Рајко Митиќ, Црвена звезда
5. Селтик Парк, Селтик
6. Монументал, Ривер Плата
7. Водафон Парк, Бешикташ
8. Караисакис, Олимпијакос
9. Сан Мамес, Атлетик Билбао
10. Маракана, Фламенго/Флуминенсе
11. Турк Телеком стадион, Галатасарај
12. Де каип, Феенорд
13. Сан паоло, Наполи
14. Велодром, Олимпик Марсеј
15. Гифрој Гишар, Сент Етиен
16. Меѓународен стадион во каиро, Ал Ахли
17. Сукур Сарачоглу, Фенербахче
18. Месталја, Валенсија
19. Тумба, ПАОК
20. Сатадион Мохамед V, Раџа Казабланка
21. Кампеон де Силјо, Пењарол
22. Сент Џејмс Парк, Њукасл
23. Олимпико, Рома/Лацио
24. Педро Бидегаин, Сан Лоренцо
25. Маршал Јозеф Пилсудски, Легија
26. Ла Луж, Бенфика
27. 5 јули 1962, Мулудиа клуб Алжир
28. Радес, Есперанса де Тунис
29. Паркот на Принцовите, ПСЖ
30. Милентор, Сент Паули

Scroll to Top