Реал Мадрид за 2024 година подготвува трансфер кој силно ќе одекне во Минхен. Според шпанските медиуми трансфер цел на Реал е Џошуа Кимих.
Флорентино Перез, во минатото направи две извонредни зделки, најпрвин кога од Баерн за „ситини пари“ го донесе Тони Крос, а пред две години кога бесплатно го грабна Давид Алаба.
Во Реал се свесни во летото 2024 година, Кимих ќе влезе во последната година од договорот со Баерн. Подготвени се да му понудат богат договор за да го донесат во Мадрид. Германскиот репрезентативец треба да дојде во клубот кога од Мадрид ќе си заминат симболите на Реал, Тони Крос и Лука Модриќ.
Џошуа Кимих пред осум години за 8.500.000 евра од Штутгарт пристигна во Минехн.