Top Sport

Регионалните гиганти во трка за потписот на Випотник

Словенечкиот репрезентативец Жан Випотник, летово дефинитивно ќе го напушти Марибор. Во трката за неговиот потпис влегоа регионалните гиганти, Динамо Загреб и Црвена звезда.

За Стрелецот на 20 гола на 28 натпревари во словенечкиот шампионат, како што пренесуваат медиумите во Словенија, интерес покажале уште четири клуба, чии имиња не се откриваат.

„Јасно е дека Жан ќе замине, прашање е само каде и под кои услови. Разговараме со шест клуба, вклучувајќи го и Динамо. На крајот на краиштата, збор има и Жан, со кого го продолживме договорот поради тоа. Клубовите сами ја креваат цената, ние си поставивме своја, но таа веќе е надмината. Три клуба играат во една од петте најсилни лиги. Името на четвртиот клуб исто така е за почит“, изјави за словенечките медиуми спортскиот директор на Марибор, Марко Шулер.

Scroll to Top