Францускиот фудбалер, Тео Ернандез, наредната сезона ќе игра во Реал Сосиедад, откако Реал Мадрид реши да му го отстапи својот фудбалер на тимот од Сан Себастијан.
20-годишниот лев бек веќе ги минал лекарските прегледи, по што клубот од Баскија објави дека двете страни постигнале договор за негова позајмица.
Тео Ернандез кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а минатото лето стана играч на Реал. Тој беше првиот фудбалер по пауза од 17 години кој од Атлетико се пресели во редовите на градскиот ривал.
Реал, лани плати 30 милиони евра за Тео, откако тој одигра брилијантна сезона како позајмен играч во Алавес.
Тео е помладиот брат на францускиот репрезентативец Лукас Ернандез.
Минатата сезона Тео одигра 23 натпревари за Реал.