Top Sport

Реал му ја „украдоа“ Златната топка на Роналдо

Луѓето од Реал Мадрид биле виновни што Кристијано Роналдо не ја добил Златната топка, смета неговиот соиграч од Јувентус, Џорџо Кјелини.

Португалецот летото во 2018 година од реал се пресели во Јувентус. Лани во изборот на Франс Фудбал лани заврши на второто место зад Лука Модриќ. Без престижната награда тој остана и оваа година. Роналдо не беше присутен на церемонијата во Париз.

„Во ред е што Златната топка ја доби Меси“, рекол Кјелини.

„Лани се случи голема кражба. Луѓето од Реал решија таа да не му припадне на Кристијано. Чудно е бидејќи тој ја освои Лигата на шампионите. Можеше да заврши и во рацете на Гризман, Погба или Мбапе тие го освоија Светското првенство. Навистина немаше логика да ја добие Модриќ“.

Роналдо во кариерата освоил пет Златни топки, Меси има една повеќе.

Scroll to Top