Изминатата ноќ во НБА лигата победи забележаа екипите на Атланта, Финикс, Филалделфија, Милвоки, Индијана и Чикаго.

Милвоки Бакс ја забележаа најубедливата победа, тие ги совладаа Њујорк Никс со 132:88. Бакс имаат 18 поени предност по првата четвртина, а во третиот период разликата беше 41 поен во корист на Милвоки. Јанис Адетокумбо со 29 поени и 15 скока беше најдобар играч на натпреварот.

Финикс Санс победија во Шарлот 109:104. Играчите на Финикс во третиот период имаа предност од 20 поени, Хорнетс се вратија во мечот во последниот период но немаа ниту сили, ниту време за целосен пресврт.

Девин Букер и Кели Убре постигнаа по 23 поени, а Дарио Шариќ забележа 16 поени и 10 скока.

Атланта Хокс славеа во дуелот со Голден стејт Вориорс 104:79. Вориорс го забележаа 18 пораз, тие се последни на табелата во целата лига.

Треј Јанг беше најефикасен кај Атланта со 24 поени, ист број на поени кај Вориорс постигна Ерик Паскал.

Филалделфија против Јута Џез ја забележа четвртата победа во низа. Филалделфија победија 103:94. Тобајас Херис постигна 26 поени, а Џоел Ембид имаше 16 поени и 11 скока. Кај Јута се истакна Руди Гобер со 27 поени и 12 скока.