Top Sport

Реал му нудат двојно поголема плата на Лаутаро

Реал Мадрид се подготвени да ги искористат финансиските проблеми на Интер за да го добијат Лаутаро Мартинез, привлекувајќи го со понуда за двојно поголема плата во шпанската престолнина.

23-годишниот аргентински напаѓач има 16 гола во 36 меча во Серија А оваа сезона, и самиот призна дека минатото лето бил блиску до трансфер во Барселона, но сега најверојатно ќе заврши во најголемиот ривал, Реал Мадрид, тврди италијанскиот „Тутоспорт“.

Според нивните извори, Интер ќе мораат да се решат да го продадат Лаутаро, откако фудбалерите одбија да им бидат скратени две месечни плати следната сезона, а Реал се подготвени да дадат 90 милиони евра, сума од која ќе биде одбиен долгот на Интер за Ашраф Хакими, кој минатото лето пристигна во Милано. Реал би му дале годишна плата од 9 милиони евра на Аргентинецот, двојно повеќе отколку што Интер би биле подготвени да дадат ако го продолжи договорот.

Scroll to Top