Полскиот медиум „Дејли Онет Спорт“ го објави делови од договорот кој Реал Мадрид и Роберт Левандовски требало да го потпишат во 2014 година. Флорентино Перез имал голема желба да го донесе Полјакот во Мадрид, откако тој како играч на Борусија Дортмунд на еден меч постигна четири гола против Реал. На крајот Левандовски како слободен играч се пресел не во Реал туку во Баерн.
Реал на Левандовски по понудиле седум годишен договор, со плата од 9,6 милиони евра по сезона.Исто така Левендовски требало да добие 10,96 милиони евра само за потписот на договорот.
Во договорот стојат посебни услови кои напаѓачот требало да ги почитува. Реал би му забранил да вози велосипед, да скија, да вози глисер, да се занимава со екстрелни спортови.
Менаџерот на Левандовски, Цезари Кухарски открил дека тој трансфер би го сменил од корен полскиот фудбал. Левандовски сакал да се пресели во Реал и да го погази постигнатиот договор со Баерн меѓутоа во Реал не можеле да гарантираат дека ќе ја добие „деветката“.
„Реал нудеа повеќе пари, но таму Роберт немаше да биде прв напаѓач, тие сакаа да го донесат за да му биде замена на Карим Бензема. Од почетокот знаев дека Баерн е најдобрата опција за него. Тој мора да биде првотимец секаде, а не да му биде замена на некого“, рекол Кухарски.
Овој договор Реал на Левендовски му го понудил во декември 2013 година, но тој веднаш потоа се договорил со Баерн. За Баварците има одиграно 285 натпревари на кои постигнал 242 гола.