Top Sport

Вотфорд го отпуштија Кике Санчез Флорес

Шпанскиот тренер Кике Санчез Флорес повеќе не е тренер на Вотофорд, објави клубот. Вотфорд на последните десет натпревари има само една победа. Вчера клубот запиша пораз во Саутемптон (2:1).

„Знаеме дека Кике сакаше да му помогне на клубот, меѓутоа резултатите влијаеа на нашата крајна одлука“, рекол првиот човек на клубот Скот Дуксбери.

Санчез Флорес во септември се врати во Вотофорд, меѓутоа не успа да го стабилизира тимот. Вотофорд се последни на табелата со само осум поени.

Шпанецот е третиот менаџер во последните две недели што добил отказ во Премиер лигата. Претходно своите менаџер ги отпуштија Тотенхем (Маурицио Покетино) и Арсенал (Унаи Емери).

Scroll to Top