Top Sport

Реал му се налутија на Маурисио Почетино

Реал Мадрид се јавија со официјално соопштение околу менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино, но не, не го најавија како нов тренер на тимот.

„Кралскиот клуб“ реагираше откако аргентинскиот тренер тврдеше дека Тотенхем побарале од Реал да го користат нивниот спортски центар пред финалето од Лигата на шампионите следниот викенд, но дека тие одбиле и затоа ќе тренираат во комплексот во Валдебебас.

„Пред финалето ќе тренираме во Валдебебас и ќе спиеме во ближниот хотел. Побарав од Флорентино Перез да ни даде да спиеме во спортскиот центар, но тој ми кажа дека можам да спијам таму само кога ќе станам тренер на Реал Мадрид“, изјави Почетино.

Од Реал јасно порачуваат дека Почетино лаже!

„Реал Мадрид се изненадени од изјавите на тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино околу барањето до нашиот клуб неговиот тим да остане во нашиот центар пред финалето на Лигата на шампиони. Прво, јасно посочуваме дека немало такво барање. Нашиот клуб секогш бил достапен за сите барања од УЕФА, шпанската федерација, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Тотенхем. Сите барања беа само за користење на тренинг-кампот и соблекувалните и тие беа дозволени. Затоа, Ливерпул ќе тренираат кај нас во сабота на 1 јуни во текот на утрото, а Тотенхем ќе го направат тоа во четврток на 30 мај и во петок на 31 мај“, се вели во соопштението на Реал.

Scroll to Top