Top Sport

Ленс Армстронг: Не би сменил ништо околу моето допингување

Ленс Армстронг, човекот кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс вели дека „не би сменил ништо“ околу допингувањето во последнот интервју со „Ен-би-си“.

Во интервјуто кое ќе се појави следната среда со наслов „Ленс Армстронг: следната етапа“, 47-годишниот Тексашанец зборува за својата кариера одбележана со фасцинантната борба со ракот на тестисите и рекордните трофеи од Франција, но и со допингување, кое го призна по долга легална борба.

„Моравме да го правиме тоа за да победиме. Не беше легално, но не би сменил ништо, без разлика дали губам пари или од херој станувам нула“, вели Армстронг, кој ја освои својата прва ТдФ титула пред 20 години.

Армстронг доби доживотна суспензија во 2012 година откако Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) ја одобри казната од Американската анти-допинг агенција (УСАДА). Тој призна дека мамел во интервју  кај Опра Винфри во јануари 2013, одлука која го чинеше милиони долари во изгубени реклами и тужби.

„Не би сменил ниту една работа. Не би го сменил тоа како се однесував. Мислам, можеби би го сменил, но се работи за долг одговор. Во основа, не би ги сменил лекциите кои ги научив, а лекциите не би ги добил да не се однесував така. Немаше да ме истражуваат и казнат доколку не го направев тоа. Да се допингував и не кажев ништо, немаше ништо да се случи. Како да молев да дојдат по мене, а бев навистина лесна мета“, додава Армстронг.

Scroll to Top