„Се уште ништо не сум решил. Да имав донесов одлука, ќе ја соопштев. Сеуште одлучувам. Ќе го изберам што е најдобро за мене, се појавија некои нови работи. Има ли можност да останам во ПСЖ?“ Да, секако“, изјави пред еден месец Килијан Мбапе, францускиот напаѓач чиј договор со ПСЖ истекува на 30.јуни оваа година.
Мбапе минатото лето побара трансфер од ПСЖ, а во последните месеци најмногу се поврзува со трансфер во Реал. Се чинеше дека сигурно ќе потпише за шпанскиот клуб, но „се појавија некои нови работи“. Наводно, „некои нови работи“ се 150 милиони евра, колку што ПСЖ му дава на Мбапе за нов двегодишен договор.
Фајза Ламари, мајката на францускиот фудбалер, е во Доха каде преговара за нов договор со сопствениците на катарскиот клуб. Целта на ПСЖ е да го задржи Мбапе бидејќи во декември ќе се игра Светското првенство во Катар. Потоа би можеле да го продадат за сума која ќе биде договорена помеѓу клубот и фудбалерот.
„Марка“ пренесува дека Реал се отпимисти дека 23-годишниот фудбалер следната сезона ќе игра за мадридскиот клуб. „Марка“ пишува дека на Мбапе му бил понуден најголемиот договор во историјата на Реал, се шпекулира дека тос се 50 милиони евра по сезона, но таа понуда сепак е финансиски полоша од онаа на ПСЖ.