Top Sport

Реал најмногу заработил во сезоната 2024/25 – Ливерпул прв пат ја предводи Премиер лигата

Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“.

Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите.

Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30.

Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои титулата. Клубот заработил 836,1 милиони евра, односно 702 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед никогаш не бил на пониска позиција на 29 објавени листи на „Дилојт“. Јунајтед е на осмото место оваа година со заработка од 793,1 милиони евра. Манчестер Сити исто така падна на листата. Сити падна од второто на шестото место со заработка од 829 милиони евра.

За Реал, на второто место на листатасе наоѓа Барселона. Гигантот од Каталонија се враќа во првите три за прв пат од сезоната 2019/20. со заработка од 975 милиони евра.

Трет е Баерн Минхен со заработка од 861 милион евра, четврти е победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен со 837 милиони евра.

Првите 20 клуба на листата ја зголемија својата заработка за 11 проценти, тие 20 клуба заработија вкупно 12 милијарди и 400 милиони евра.

Арсенал (седмо место, 821,7 милиони), Тотенхем (деветто место, 672,6 милиони) и Челзи (десетто место, исто како и минатата година, 584,1 милиони) се исто така во првите десет клуба по заработка.

Интер е на 11-то место (537,5 милиони), Борусија Дортмунд е на 12-то место со 531,3 милиони, а потоа следува Атлетико Мадрид со 454,5 милиони.

Топ 20 ги комплетираат Астон Вила, Милан, Јувентус, Њукасл, Штутгарт, Бенфика и Вест Хем.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');