Top Sport

Реал нашле начин како да се ослободат од Бејл

Герет Бејл и неговата астрономска плата се најголемиот проблем на Реал Мадрид. Велшанецот иако не се наоѓа во плановите на тренерот Зинедин Зидан нема намера да замине се додека е под договор со клубот. Исклучок би направил само доколку Реал го пушти да си замине како слободен играч.

Како што пишуваат шпанските медиуми можно е во наредните денови да биде решена судбината на Бејл. Решението што го нуди клубот треба да ги задоволи двете страни.

Реал се подготвени да го позајмат Бејл, а со новиот клуб би го плаќале по пола. Бејл на годишно ниво заработува 17 милиони евра, што значи дека Реал неговата плата би ја покривале со 8,5 милиони евра.

Според шпекулациите сериозен интерес за Бејл покажуваат неговиот поранешен тим Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top