Top Sport

Реал наследникот на Рамос го гледаат во Пау Торес

Реал Мадрид се сериозно заинтересирани за централниот бек на Вилјареал, Пау Торес, тврди порталот „Гол“, сметајќи дека тој ќе биде совршена замена за Серхио Рамос, кој е блиску до напуштање на тимот.

24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивни играчи во Ла лига, но не се подготвени да ги платат 65-те милиони евра кои ги бараат од тимот на Унаи Емери за негов трансфер.

Торес претходно имаше клаузула за продавање од 50 милиони евра, но таа се зголеми на 65 милиони откако дебитираше за шпанската репрезентација. „Кралевите“ се надеваат дека одличните односи меѓу двата тима може да донесат намалување на цената во пазарот „удрен“ од кризата со КОВИД-19.

Според „Гол“, овој обид да се донесе Торес е посебен од договорот со Давид Алаба од Баерн Минхен, бидејќи Флорентино Перез очекува дека тоа е веќе завршена работа.

Scroll to Top