Top Sport

Бурнемаут го враќаат Тјери Анри во англискиот фудбал

Легендата на Арсенал, Тјери Анри е главен кандидат да стане нов менаџер на англискиот второлигаш Бурнемаут, откако клубот две недели преговара со Французинот да го замени Џејсон Тиндал на клупата, тврди „Скај спортс“.

43-годишниот Французин во моментов е тренер на МЛС клубот, ЦФ Монтреал, а покрај него на листата на желби на Бурнемаут се и неговиот поранешен соиграч Патрик Виеира, како и поранешниот тренер на Шалке, Дејвид Вагнер, а постои можност и сегашниот преоден тренер Џонатан Вудгејт да добие шанса.

Анри ја почна тренерската кариера со младинските тимови на Арсенал, пред да стане помошник на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација. Во 2018 година тој го презеде својот поранешен клуб Монако, но доби отказ по само три месеци, победувајќи во само два меча.

Scroll to Top