Top Sport

Реал не го даваат Варан на Јунајтед

Реал Мадрид не се заинтересирани да го продадат францускиот дефанзивец Рафаел Варан следната година и покрај тоа што тој е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед веќе во јануари.

27-годишниот Варан ја одработува последната сезона од договорот со клубот од  „Сантијаго Бернабеу“, а во последно време беше на удар на критиките поради неколку скапи грешки, како при испаѓањето од ЛШ од Манчестер сити минатата сезона. Сепак, Зидан вели дека во клубот работат на нов договор за него.

„Не сум само јас тој кој сака да го заддржи. Тој е дел од нашиот клуб и имавме среќа што го донесовме во Мадрид. Мислам дека тој е далеку од трансфер листата“, вели Зидан.

Во Реал се надеваат дека ќе склопат нов договор за Варан и за неговиот партнер во одбраната, капитенот Серхио Рамос.

Scroll to Top