Top Sport

Реал не го сакале Икарди поради карактерот

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди се обидувал да издејствува трансфер во Реал Мадрид во 2017 и 2018 година, но клубот од „Бернабеу“ имал сомнежи околу карактерот на аргентинскиот напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Икарди си замина од Интер како позајмен фудбалер во Париз на последниот ден од летниот преоден рок и има одличен старт на кариерата на „Паркот на принцовите“ со 10 гола во 11 меча и ПСЖ веднаш се заинтересирале привремениот трансфер да го направат постојан.

Според „Марка“, сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара имала напреднати преговори со Реал Мадрид за трансфер во летото 2017 и следната година. Меѓутоа, двпати, претседателот на Реал, Флорентино Перез не дал зелено светло за трансферот, бидејќи не сакал во тимот да има фудбалер кој ќе прави проблеми.

Scroll to Top