Реал Мадрид немаат план да го продадат Орелиен Чуамени во обид да го финансираат скапиот трансфер на Џуд Белингем ова лето, верувајќи во квалитетот на францускиот фудбалер од средниот ред, тврди „АС“.
„Кралевите“ платија 80 милиони евра минатото лето за трансфер на младиот Чуамени од Монако, но тој не успеа да се наметне како стартер во тимот на Карло Анчелоти. Шпанските медиуми тврдеа дека тој може да биде „жртвуван“, односно продаден за да се вратат дел од парите и да се инвестира во Белингем, но тоа го отфрлаат од „Бернабеу“.
23-годишниот Чуамени има 36 настапи за Реал оваа сезона, од кои 23 во Ла лига, но честопати влегува како замена за Тони Крос, во кого Анчелоти има огромна доверба. И покрај ова, Реал остануваат едни од фаворити за потписот на Белингем од Борусија Дортмунд покрај Манчестер сити.