Реал Мадрид, поточно претседателот на клубот Флирентино Перез, не бил подготвен да издвои 120 милиони евра за талентираниот тинејџер на Бенфика, Жоао Феликс. Според шпанските медиуми најмногу шанси да го ангажира ова момче сега имаа Јувентус.
Жоао Феликс има 19 години, на големата сцена дебитираше оваа сезона, во која веќе има постигнато 16 гола. Минатиот четврток постигна три гола против Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, наводно договорил состанок со менаџерот на фудбалерот, Жорж Мендеш.
Откупната клаузула во договорот на Феликс изнесува 120 милиони евра, а Паратичи ќе се обиде да ги искористи добрите релации со Мендеш за да го реализира трансферот. Јувентус и најпознатиот фудбалски менаџер имаат добра соработка, тој беше клучниот фактор во трансферот на Кристијано Роналдо од Реал во Јувентус.
Од друга страна челниците на Бенфика се обидуваат да го продолжат договорот со Жоао Феликс. Доколку тоа се случи тогаш откупната клаузула ќе изнесува најмалку 200 милиони евра.
Шпанците тврдат интерес за Жоао Феликс постоел и кај Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд, меѓутоа според медиумите овие клубови немале никакви шанси да ја добијат трката со Јувентус.