Top Sport

Реал не запира – Нов договор и за третиот Бразилец

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао наскоро би требало да го продолжи договорот со мадридскиот клуб до јуни 2028 година, објави добро информираниот Фабрицио Романо.

Милитао (25) пристигна во Реал во 2019 година од Порто за 50 милиони евра, има важечки договор со мадридскиот клуб до јуни 2025 година.

Шпанските и италијанските медиуми истакнуваат дека двете страни се договориле за продолжување на соработката до јуни 2028 година.

Бразилскиот фудбалер ќе има излезна клаузула во договорот во висина од една милијарда евра, како и неговите сонародници Винисиус Жуниор и Родриго, кои неодамна ја продолжија соработката со Реал.

Милитао одигра 143 натпревари за Реал и постигна 11 голови. Поради тешка повреда тој нема да игра за Реал до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми тврдат дека Федерико Валверде и Едуардо Камавинга, во наредните недели, исто така ќе добијат нови договори.

Scroll to Top