Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го „пикирал“ Португалецот на Милан, Рафаел Леао како главна цел во летниот преоден рок по неуспехот да се донесе Килијан Мбапе во шпанската престолнина, тврди шпанскиот „Диарио спорт“.
Италијанските медиуми претходно тврдеа дека 22-годишниот Леао, кој ја доби наградата за најдобар играч во Серија А оваа сезона во својот договор има клаузула од 150 милиони евра, но шпанските извори додаваат дека „кралевите“ ќе се решат на размена на играчи, нудејќи ги Лука Јовиќ и Марко Асенсио како дел од договорот.
Леао неодамна за португалските медиуми изјави дека е среќен во Милан и дека сака да биде уште поважен следната сезона по освоената титула, но ќе биде тешко да се каже не на понуда од 14-кратниот европски шампион.
? Tchouaméni (Mónaco) y Rafael Leao (Milan) podrían reforzar al actual campeón de Champions
✍️ Lluís Miguelsanzhttps://t.co/TPCYUwrpai
— Diario SPORT (@sport) May 29, 2022