Top Sport

Реал нема намера да плати оштета за Мбапе – Перез ќе чека до наредното лето

Реал Мадрид нема намера ова лето да преговара за трансферот на Килијан Мбапе. Планот на Флорентино Перез е да чека до наредното лето, кога напаѓачот ќе биде слободен играч.

Мбапе, минатата недела, со пизмо го извести ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата во договорот, која му овозможува да го продолжи договорот до 2025 година. Наредното лето тој бесплатно ќе може да го напушти клубот.

„Марка“, пишува дека идејата на претседателот на Реал отсекогаш била да го чека Мбапе до следното лето и да не троши пари за неговиот трансфер.

По се што се случи минатото лето, кога Мбапе во последен момент го прекрши ветувањето, Реал имаше јасен план, нема да прговара со ПСЖ додека Мбапе повторно не биде слободен.

Во исто време, Реал не сака на овој начин да ја исполни желбата и на ПСЖ и да издвои 200.000.000 евра, туку на 1 јануари Перез има намера да потпише преддоговор според кој фудбалерот без надомест ќе пристигне во Мадрид за една година.

„Марка“ тврди дека Реал нема да ја повтори грешката од минатото лето и не сака Мбапе да го искористи клубот за евентуслни нови преговори со ПСЖ.

Прашање е како сега ќе реагира ПСЖ. Доколку клубот сака да заработи од трансферот на Мбапе ќе мора да го продаде ова лето.

Scroll to Top