Top Sport

Реал несакајќи открија дека Иско го напушта Мадрид

Иско се подготвува да го напушти Реал Мадрид. Поранешниот шпански репрезентативец најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Иако се уште нема официјална потврда, Реал, несакајќи потврдија дека 29-годишниот заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Фудбалерите на Реал, вчера, ги започнаа подготовките за новата сезона. Клубот објави кратко видео, по кое медиумите открија дека Иско нема да биде во тимот.

Помошникот тренер Антонио Пинтус и фудбалерот Начо, разговараат додека одат кон теренот.

„Иско“, неколку пати рекол Пинтус, на што Начо му одговорил.

„Но тој веќе се ослободи“.

Иско, во 2013 година од Малага пристигна во Реал за 30 милиони евра. Се шпекулира дека Милан за него ќе платат 20 милиони евра.

Scroll to Top