Top Sport

Реал очајно го сакаат Погба – ги нудат Бејл и Родригез!

Реал Мадрид се толку очајни по потписот на Пол Погба што се подготвени да им ги понудат на Манчестер јунајтед Герет Бејл и Хамес Родригез следната година.

Зинедин Зидан се обидуваше цело лето да го донесе Погба на „Сантијаго Бернабеу“, но Јунајтед не сакаа да продаваат и покрај желбата на Французинот. Според шпанскиот весник „Ел десмарк“, претседателот Флорентино Перез во соработка со Зидан е подготвен да ги даде Бејл и Родригез за конечно да се склучи зделката.

Бејл и Родригез не се најпосакуваните фудбалери на „Бернабеу“, откако Велшанецот влезе во нов конфликт со навивачите со банерот „Велс. Голф. Мадрид. Во тој редослед“, додека 28-годишниот Колумбиец Родригез не добива многу шанси по враќањето од позајмицата во Баерн Минхен.

Јунајтед од друга страна го ценат Погба неверојатни 150 милиони фунти и не е јасно дали Бејл и Родригез заедно би ја достигнале оваа сума. Погба има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2021 година, а во моментов е во аут од септември, иако Оле Гунар Солскјер најави дека тој ќе се врати на теренот пред Нова Година.

Scroll to Top