Top Sport

Хоакин на 38 години до хет-трик, Бетис едвај изддржа за победа над Билбао (видео)

Реал Бетис стигна до 3:2 победа над Атлетик Билбао за трет триумф во низа за клубот од Севилја, откако Хоакин постигна неверојатен хет-трик во првите 20 минути од мечот.

Капитенот Хоакин стрелаше во 2., во 11. и во 20. минута за неверојатен старт на Бетис против шестопласираниот тим на табелата, по што гостите не успеја да се вратат во игра. Со своите 38 години, Хоакин е најстариот стрелец на хет-трик во историјата на Ла лига.

Ињаки Вилијамс од пенал во 44. минута успеа да намали на 3:1, а Јури Берчиче во 75. минута погоди за 3:2,  но тоа беше сè што го направи баскискиот клуб.

Со трите поени, Бетис се искачи на 11. место на табелата со 22 поени, додека Атлетик останува на шестото место со 26 поени.

Претходно, Хетафе стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Еибар за да се искачи на четвртото место на табелата.

Scroll to Top