Реал Мадрид одбил две супе богати понуди за трансфер на крилниот напаѓач, Марко Асенсио. Информацијата за шпанските медиуми ја потврдил менаџерот на Асенсио, Хорацио Гаџиоли.
„Реал Мадрид доби две понуди за Марко Асенсио вредни 150 милиони евра, меѓутоа клубот реши да не ги прифати. Клубот смета дека тој е важен играч за во иднина и не сака да го продаде“, рекол Гаџиоли.
Тој истакнал дека пред да дојде во Реал неговиот клиент бил блиску до Барселона, но каталонскиот клуб решил да не потпише договор со него.
Медиумите шпекулираат дека нема многу клубови што можат да одвојат 150 милиони евра за Асенсио, односно дека овие пари биле понудени од Париз и Манчестер. Инаку, крилниот напаѓач, со новиот договор има откупна клаузула од 700 милиони евра.