Вељко Пауновиќ повеќе не е тренер на Реал Овиедо, објави шпанскиот клуб. Српскиот стручњак со тоа стана првиот заменет тренер во сезоната во шпанската Ла Лига.
Иако го продолжи договорот до јуни 2026 година пред само три месеци, Пауновиќ ја загуби работата по серијата лоши резултати, две победи и шест порази во првенството досега.
Клубот се реши за „шок терапија“ во обид да излезе од кризата.
Со заминувањето на Пауновиќ, членовите на неговиот стручен штаб исто така го напуштија клубот.
Во официјално соопштение, Реал Овиедо им се заблагодари на српскиот тренер и на неговиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, нагласувајќи дека постигнатиот пласман на највисокото ниво на натпреварувањето овој јуни ќе остане „историски успех што засекогаш ќе се памети меѓу навивачите на Овиедо“.
Тренерската позиција сега е празна, а спортскиот сектор под водство на групацијата Пачука веќе разгледува потенцијални наследници.
Најмногу се споменува името на искусниот шпански тренер Луис Карион.