Челниците на Реал Мадрид планираат да го ангажираат фудбалерот на Манчестер Сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд во јули 2024 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Халанд неодамна за 60 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд во Манчестер сити, а со англискиот клуб потпиша договор до јуни 2027 година.
Норвешкиот фудбалер имаше понуда и од Реал, но тој реши кариерата да ја продолжи во клубот од Манчестер.
Шпански „Диарио Ас“, тврди дека Халанд има клаузула во договорот според која може да го напушти Манчестер сити во 2024 година, со отштета од 150 милиони евра.
Шпанските медиуми се сигурни дека челниците на Реал ќе се обидат да го убедат норвешкиот фудбалер да ја активира оваа клаузула и да се пресели во мадридскиот клуб.