Top Sport

Реал победи екипа од Барселона и се врати на врвот на Ла лига (видео)

Мадридски Реал благодарение на победата над помалку познатиот клуб од Барселона во Ла Лига, Еспањол повторно е лидер на табелата во првата шпанска лига. Предмалку Кралевите славеа триумф од 2-0 и ја прескокнаа Барса на табелата.

Реал доминираше во сите 90 минути, а повторно најзаслужен за трите бода на мадридската екипа е францускиот голгетер, Карим Бензема кој игра во извонредна форма.

Французинот погоди во 79 минута, тогаш за водство од 2-0, на асистенција на Валверде кој прекрасно се ослободи и додаде до напаѓачот.

Претходно, во 37 минута, токму по асистенција на Бензема водство за Кралскиот клуб донесе уште еден Французин, Рафаел Варан.

Вредно за одбележување е тоа што Реал мечот го заврши со 10 фудбалери, откако во 83 минута втор жолт картон заработи дефанзивецот Менди.

Реал во моментов има 34 бода, 3 повеќе од Барселона која својот меч против Мајорка го игра вечерва, со почеток во 21 часот.

Scroll to Top