Top Sport

Гвардиола: Гајле ми е за историјата, играме 11 на 11!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред денешното дерби против Јунајтед (мечот почнува во 18.30 часот) вели дека најмалку што во моментов го интересира е историјата. Тој потенцира дека на терен се 11 против 11, па се е можно.

„Тоа е Манчестер Јунајтед, почитувам се што направија за англискиот, европскиот и светскиот фудбал. Битен меч, голем ривал, сјајна историја. Искрено, гајле ми е за историјата. Мораме да ги победиме. Ќе разговарам со играчите како да дојдеме до тоа“ – рече Гвардиола како најава за дербито на Манестер.

Во отсусво на Серхио Агуеро, нападот на „граѓаните“ ќе го предводи Бразилецот Габриел Жесус.

Јунајтед се уште имаат поголеми плати од „соседите“. И покрај лошите резултати, „ѓаволите“ се машина за правење пари.

Јунајтед и понатаму е повреден тим. Според „Форбс“ вредноста на клубот е околу 3 милијарди фунти, пред нив се само Реал и Барса. Сити е петти, вредноста им е околу 2 милијарди.

Scroll to Top