Реал Мадрид со многу среќа успеа да забележи победа над Ваљадолид 2:0, во рамките на 11.коло во Примера.
Тренерската смена не донесе никакви промени во играта на актуелниот европски првак. Реал и со Сантијаго Солари немаше идеја како да се справи со противникот. Ваљадолид одигра коректно прво полувреме, а во второто два пати, во 57. и 60.минута, неговите играчи ја погодија гредата од голот на Куртоа.
Среќата ги посака играчите на Реал, кога тинејџерот Винисиус во 83.минута се обиде да центрира таа топка удри во Кико и заврши зад грбот на Масип. Пет минути подоцна Реал доби пенал, кој успешно го реализираше Серхио Рамос.