Реал Мадрид забележа победа во Виго, против Селта 4:2, во последниот натпревар одигран во 12.коло, во Примера.
Сантијаго Солари пред четири натпревари го замени Хулен Лоптеги и со Реал забележа четири победи, во сите натпреварувања, со гол разлика 15:2.
Во Виго, Реал постигна еден гол во првиот дел, преку Бензема во 23.минута. а потоа предноста ја зголеми со вто-голот на Кабрал. По еден час игра Селат се врати во мечот, откако Хуго Маљо успеа да го совлада Куртоа.
Од тој момент играчите на Селта доминираа на теренот, а откако не успеаја да постигнат гол за израмнување, казната ги стигна преку сомнителниот пенал што го досуди главниот судија. Серхио Рамос зголеми на 3:1, а во судиското надополнување на времето Себаљос постигна гол за Реал, а Браис Мендез за Селта.
Реал,по овој меч, остана на шестото место на табелата, но сега со само четири бода помалку од Барселона.