Top Sport

Реал подготвени да го „грабнат“ Гарначо

Реал Мадрид ја следат ситуацијата на Алехандро Гарначо во Манчестер јунајтед, откако тинејџерот уште го нема продолжено договорот со „ѓаволите“ и се подготвени да реагираат доколку Аргентинецот не е задоволен, тврди „Индепендент“.

18-годишниот Гарначо има договор со Јунајтед до 2024 (со опција за продолжување за уште една сезона), но тој заработува само 7.000 фунти неделно, и со предложеното покачување би стигнал до релативно скромни 20.000 фунти иако добива редовно шанса во првиот тим од Ерик Тен Хаг.

Реал немаат понуда за Гарначо, но во послендно време планот на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е да гради тим со млади таленти, така што Јунајтед би морале да побрзаат за да го заддржат талентот. Харначо, иако ја преставува Аргентина, е роден и израснат во Мадрид.

Scroll to Top