Андре Ширле го изненади целиот свет кога на само 29 години реши да се збогува од фудбалот во 2020 година. Дотогаш Ширле играше за Мајнц, Баер, Челси, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Фулам и за Спартак Москва, забележа 57 настапи и 22 гола за германската репрезентација, а својата одлука да се пензионира ја објасни дека повеќе не сака да се соочува со незадоволство поради континуираната конкуренција која ја имаше играјќи на највисоко ниво.
По пензионирањето, Ширле се посвети на семејството, а сега на социјалните мрежи сподели интересно искуство кое го доживеа во последните неколку дена.
Ширле објави фотографија на која оди разголен по замрзната патека на екстремно ниски температури, а сето тоа е дел од курсот што го води Вим Хоф, експерт за дишење и ниски температури.
„Ова е најтешкиот психички и физички предизвик што сум го доживеал. Во последните минути ништо не чувствував и морав да најдам сила длабоко во мене за да продолжам“, напиша Ширле.
„Тоа беше искуство кое никогаш нема да го заборавам. Температурата беше -19 степени, ветрот ни дуваше 100 километри на час право во лице, врнеше снег и дожд. Научив дека моето тело е посилно отколку што мислев“, истакна поранешниот фудбалер.