Top Sport

Реал подготвува понуда за Енди Робертсон

Енди Робертсон би можел да го напушти Ливерпул ова лето, тврдат денес извори од Англија. Наводно Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Шкотланѓанецот, од Мадрид на „Енфилд“ треба да биде испратена понуда вредна 50 милиони евра.

Робертсон е едно од најдобрите засилувања во ерата на Јирген Клоп, тој пристигна летото 2017 година од Хал за само девет милиони евра.

Шкотланѓанецот стана незаменлив запчаник во машината на Клоп и еден е од најзаслужните за сите успеси во изминатите шест сезони. Актуелната сезона, како и за целиот тим не е добра за Робертсон.

Тој досега одигра 267 натпревари, постигна осум гола, а со 63 асистенции е рекодер во Премиер лигата кога станува збор за фудбалерите од одбраната.

Реал му гарантира место во првиот тим, но и покрај тоа малкумина веруваат дека Робертсон би можел да си замине од Ливерпул.

Реал Мадрид е во потрага по лев бек откако Ферлан Менди ја загуби довербата на Карло Анчелоти, а Давид Алаба не сака да игра на таа позиција.

Scroll to Top