Top Sport

Реал покажа класа – му посака брзо враќање на играчот на Сандерленд

23-годишниот Данкан Ватмор доби поддршка во своето опоравување од повредата на лигаментите на коленото – посебно писмо со поддршка и добри желби од европскиот шампион Реал Мадрид.

Играчот на Сандерленд е фантастично младо момче – веќе има факултетска диплома, и стана првиот фудбалер од Чемпионшип (втората англиска лига), кој се приклучи на кампањата на Хуан Мата, „Заедничка цел“, со ветување дека 1 отсто од својата плата ќе ја додели во добротворни цели.

Сепак, тој нема многу среќа со повредите – минатиот месец ги скина лигаментите на коленото, вторпат во една година.

Неговиот татко, Јан Ватмор реши да го сподели писмото кое „Лос бланкос“ му го пратиле на неговиот син, лично потпишано од спортскиот директор на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.

„Данкан денеска отиде на рехабилитација и го чекаше ова писмо. Каква класа покажува тоа? Се надевам дека пак ќе ја освојат Лигата на шампионите“, напиша Јан Ватмор.

Scroll to Top