Top Sport

Рутина за Вардар против Војводина – 15 победи во низа во СЕХА!

Вардар без проблеми го совлада српскиот претставник Војводина со 37:22 (17:13) за да ја продолжи победничката низа во СЕХА лигата, но и во сите натпреварувања.

За „црвено-црните“ ова беше 15-та победа во низа во регионалното натпреварување, со што се зацврстија на првото место во лигата со 27 поени, 9 повеќе од белорускиот Мешков Брест.

Во меч со „пола сили“, Вардар одржуваше предност од четири-пет гола во текот на целиот натпревар, за на крајот да зголеми на 37:22.

Најдобар стрелец за Вардарци беше Мораеш со шест гола, додека по четири имаа Недановски и Борозан, додека на голот Даниел Ѓорѓески се менуваше со Арпад Штербик.

Следен меч за Вардар е македонското дерби со Металург во сабота во „Јане Сандански“.

Вардар – Војводина 37:22 (17:13)

Scroll to Top