Не е тајна дека Реал Мадрид сака во своите редови да го има најдобриот играч на Челси, Еден Азар. Желбата да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ никогаш не ја криел и фудбалерот, кој често истакнува дека сака да игра за Реал.
Азар има договор со Челси до јуни 2020 година. Двете страни долго време преговараат за продолжување на соработката меѓутоа без конкретни резултати.
Поради тоа е извесно дека Азар ќе го напушти Челси, веројатно по завршувањето на сезоната.
Во вторникот се појавија шпекулации дека Реал испрале понуда за Азар која би требало да ја прифатат на „Стенфорд Бриџ“. За Азар, Реал во Челси би испратил двајца фудбалери. Еден од веќе е на „Стенфорд Бриџ“. Тоа е Матео Ковачиќ кој е позајмен, а вториот е Иско.
Доколку клубовите се договорат, Ковачиќ нема да се враќа во Мадрид, а Иско, кој е незадоволен од статусот што го има, би влегол на местото на Азар.
Оваа комбинација е остварлива, но дури во летниот преоден рок, бидејќи од Челси и претходно најавија дека доколку Азар изрази желба да замине тогаш тоа би се случило дури по завршувањето на сезоната.