Top Sport

Реал поради коронавирусот останале без 300 милиони евра

Реал Мадрид објави колку пари изгубил од март 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирусот. Во период од 15 месеци, Реал останал без 300 милиони евра. Пресметката се однесува на периодот од почетокот на март 2020 до 20.јуни 2021 година.

Финансискиот минус значително влијае на активностите на клубот, особено на оние на трансфер пазарот.

Сепак, како што се наведува, клубот остварил позитивен биланс од 874 милиони евра. Плусот се должи на намалувањето на платите на фудбалерите и вработените. Фудбалерите се согласија нивните плати да бидат намалени за 10 отсто.

Добра работа е што Реал, нето долгот од 240 милиони евра, го намалиле на 46 милиони евра.

Во моментов клубот има 534 милиони евра во акции и 122 милиони евра во кеш.

Scroll to Top