Хосе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на починатиот поранешен играч на шпанската репрезентација, го потпиша својот прв договор со Реал Мадрид. Тој пред само неколку дена го прослави својот 16-ти роденден.
Синот на Хозе Антонио Рејес пристигна во фудбалската школа на Реал како 11-годишник, неколку месеци по трагичната сообраќајна несреќа во која загина неговиот татко.
Фудбалскиот развој на младиот офанзивец го воодушеви раководството на клубот, кое му го даде првиот професионален договор.
Хозе Антонио Рејес имаше блескава кариера која ја изгради играјќи за Севилја, со која три пати ја освојуваше Лига Европа, Арсенал, беше дел од непоразениот шампионски тим во сезоната 2003/2004, Реал Мадрид со кој беше во сезона 2006/2007 и стана шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид, со кој двапати ја освои титулата во Лига Европа…
Тој загина на почетокот на јуни 2019 година во сообраќајна несреќа. Првите информации говореа дека до несреќата дошло додека се возел со 220 км/ч, подоцна полицијата констатирала дека брзината на автомобилот била помеѓу 110 и 130 км/ч и дека до несреќата дошло поради дефект на воланот или тркалото.