Младиот Бразилец, 17-годишниот Винисиус Жуниор потпиша договор со мадридски Реал. „Кралскиот клуб“ за трансферот на Винисиус на Фламенго ќе му плати 45 милиони евра.
Двата клуба се договориле Винисиус да остане во Фламенго до јуни 2019 година кога ќе се пресели на „Сантијаго Беранабеу“. Еден од најталентираните светски напаѓачи сезонава вее има одиграно 908 минути за Фламенго. Тој е стандарден член на бразилската репрезентација до 17 години, за која има постигнато 12 гола на 15 одиграни натпревари.
По потпишувањето на договорот менаџерот на фудбалерот открил дека Барселона понудила повеќе пари за неговиот ангажман, но Винисису го одбрал Реал.
„Барселона понуди повеќе пари од Реал, но се договоривме со Реал бидејќи ни се допадна нивниот план“, рекол менаџерот Федерико Пења.
Vinicius Júnior ya conoce el Santiago Bernabéu https://t.co/5PQXR5R4CC pic.twitter.com/V7zz2sNAa3
— MARCA (@marca) December 22, 2017
По потпишувањето на договорот Винисиус открил кој му е омилен фдбалер.
„Сакам да ги гледам Кристијано Роналдо и Бејл. Во моментов сум фокусиран само на Фламенго. Среќен сум поради ова што се случи, што потпишав со вака голем клуб, но јас морам да одам чекор по чекор, парите воопшто не ме интересираат“, рекол младиот Бразилец.