Top Sport

Реал потврди: Азар има скршен зглоб!

Еден Азар може да го пропушти Европското првенство во 2020 година, откако Реал Мадрид потврди дека 29-годишниот Белгиец го скршил скочниот зглоб при 1:0 поразот од Леванте.

Азар, кој неодамна се врати од повреда, излезе од теренот по 67 минути игра во својот втор меч по тримесечна пауза.

„Еден Азар има фрактура на десната дистална фибула, потврдија од медицинскиот тим на Реал Мадрид. Останува да се процени неговиот процес на опоравување“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

За оваков тип на повреда периодот на опоравување е три до четири месеци, по што е тешко веројатно дека Азар ќе се опорави пред Европското првенство.

Scroll to Top