Реал Мадрид веќе го договориле првото засилување во зимскиот преоден рок. Станува збор за играчот на Еспањол Мерио Ермозо, за чии услуги европскиот првак ќе издвои 7,5 милиони евра.
Еспањол е нај пријатното изненадување во Примера оваа сезона. По 11 натпревари овој тим се наоѓа на табелата веднаш зад славниот градки ривал, Барселона.
Еден од оние што играат ов добра форма е и 23-годишниот дефанзивец Ермозо. Неговите игри не минаа не забележано ниту кај шпанскиот селектор Луис Енрике, кој го повика во репрезентацијата за натпреварите против Хрватска и Босна и Херцеговина.
Марио Ермозо е еден од најбараните играчи во Примера и поради малата откупна клаузула . Тој е роден во Мадрид и ја минал фудбалската школа на Реал Мадрид, а во Еспањол е од 2017 година.