Top Sport

Спогодбена разделба на Еурофарм Работник со Дрогришки

РК Еурофарм Работник спогодбено ја прекинале соработката со повремениот македонски репрезентативец, Стефан Дрогришки, објави клубот на својата интернет страница.

„Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера“, стои во клупското соопштение.

Дрогришки минатата сезона пристигна во Еурофарм Работник од тимот на Металург. Ракометарот, инаку, потекнува од школата на Пелистер.

Scroll to Top