Реал Мадрид продолжуваат со реновирањето на нивниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во зимските месеци, вклучувајќи ја изградбата на паркинг на четири ката.
Клубот нема играно на својот стадион по прекинот на првенството во март 2020 поради корона вирусот, користејќи ја шансата да го модернизираат фудбалскиот храм со 81.000 седишта. Оттогаш тие играат на резервниот терен „Алфредо ди Стефано“.
Во осумминутно видео објавено на официјалните социјални мрежи, клубот се пофали со сработеното, од кое најимпресивно изгледа паркингот од четири ката со двојна височина во кој ќе можат да поминуваат камиони и автобуси.
Во видеото исто така се гледа и работата на покривот на стадионот, кој по комплетирањето ќе може да биде затворен доколку постои потреба. Огромна метална структура веќе е крената како дел од покривот кој ќе биде поставен на две нови „кули“ на „Кастелјана“. Покрај тоа, на стадионот ќе има видео-скрин од 360 степени, нов оддел за седење и терен кој ќе може да се повлекува.
Вкупната сума која ќе биде потрошена ќе биде околу 600 милиони евра и треба да е комплетирана во октомври 2022.
?️ The latest stadium works!
?️ Santiago Bernabéu (Feb 2021)#RealMadrid | #HalaMadrid pic.twitter.com/3bRXWqYHzy— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) February 16, 2021