Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер (33) е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид.
Според весникот „АС“, Реал е исклучително задоволен од игрите на искусниот стопер и неговата физичка состојба, па затоа верува дека продолжувањето на договорот за една година би било најлогично решение во овој момент.
Тековниот договор на Ридигер истекува на крајот од оваа сезона.
Реал со тоа продолжува со практика слична на случаите на Лука Модриќ, Тони Крос и Начо Фернандез, каде што договорите се продолжуваат од сезона во сезона во зависност од формата и потребите на тимот.
Од друга страна, Ридигер сè уште не дал конечен одговор на понудата, бидејќи претходно сакал двегодишен договор, но се очекува да остане.
Тој одигра 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона и постигна еден гол, а во Реал пристигна во 2022 година од Челзи.
Foto/Depositphotos
