Top Sport

Реал се сериозно заинтересирани за Бернардо Силва

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ја пречекуваат Барселона во ЕЛ Класико. Имаат осум бода предност и со евентуална победа ќе ги решат сите дилеми во шампионслата трка.

Реал наскоро го очекува и дуел во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во претходната рунда го елиминираа актуелниот првак Манчестер Сити.

Во пресрет на Ел Класико, шпанските медиуми објавија дека Реал има намера во летниот преоден рок да го донесе Бернардо Силва од Манчестер Сити.

И покрај шпекулациите дека Португалецот посакува трансфер во Барселола, според медиумите Реал е фаворит за неговиот потпис доколку тој реши да го напушти Манчстер Сити.

Бернардо Силва има договор со клубот до јуни 2026 година. Тој пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Монако за речиси 60.000.000 евра.

Сезонава на 42 натпревари постигна 11 гола и забележа пет асистенции.

Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 80.000.000 евра.

Scroll to Top