Победата на Велс во Финска мина во знакот на лошата партија на најголемата ѕвезда во тимот на Рајан Гигс, Герет Бејл.
Селекторот го замени Бејл по само 45 минути игра. За лошата игра на својот најдобар играч Гигс индиректно го обвини Реал Мадрид.
„Планиравме да го замениме Бејл по првите 45 минути. Јасное дека долго време не играл фудбал. Нашиот план од почетокот беше да одигра само едно полувреме“, рекол Гигс.
Бејл при пристигнувањето на подоготовките на националниот тим на нвинарите им рекол дека убавое се чувствува во околината каде што ги ценат неговите квалитети.
Зинедин Зидан не смета на услугите на Бејл, а во исто време Реал не можат да се договорат тој да замине од клубот. Велшанецот би заминал само доколку Реал му ги исплати последните две години од договор. До 2022 година Бејл треба да заработи 34.000.000 евра.
Инаку Бејл синоќа во Финска имаше катастрофален учинок. За 45 минути имал само девет додавања, а успеал да загуби десет топки.