Top Sport

Реал се врати на победите, „настрада“ Леганес (видео)

Реал Мадрид се врати на победнички патеки, откако во првиот меч од осминафиналето на Копа дел Реј, со 3:0 го совлада Леганес пред само 44 илјади гледачи на „Сантијаго Бернабеу“.

Околу кризата во Реал се зборуваше многу, посебно по поразот од Реал Сосиедад во текот на викендот, но тимот на Сантијаго Солари не дозволи изненадување против аутсајдерот во куп-натпреварот.

Серхио Рамос го постигна првиот гол на натпреварот во 44. минута со удар од белата точка, по што „печат“ на победата ставија Лукас и Винисиус Жуниор со два гола во 68., односно 77. минута.

Антоан Гризман повторно беше стрелец за Атлетико, но „јорганџиите“ одиграа само 1:1 на гости кај Жирона, додека најмногу голови имаше на дуелот Вилјареал-Еспањол, кој заврши 2:2.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ НАТПРЕВАР

Џирона – Атлетико Мадрид 1:1

Хетафе – Валјадолид 1:0

Вилјареал – Еспањол 2:2

Реал Мадрид – Леганес 3:0

Scroll to Top